Решенијата кои ги нудиме се базирани на нашето долгогодишно искуство. Посветени сме на креирање на решенија кои на наште клиенти ќе им овозможат подобра продуктивност и поголеми можности за развој. МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell денес е партнер на повеќе светски гиганти, како што се Dell EMC, Symantec, Microsoft, Cisco, VМware, Veeam и други.
Визија
Ние сме посветени на тоа да бидеме лидери во нашата област. Наша цел е на клиентите да им обезбeдиме:
- Висок квалитет на производи, услуги, совети за постигнување идеално ИТ решение;
- Континуирано модернизирање на своите производи и услуги, едукација и сертификација на своите вработени за сите тековни новитети, анализа на пазарот и истражување на потребите на корисниците;
- Комплетни систем интеграторски решенија на своите клиенти преку поставување на целосната инфраструктура, мрежна пасивна и активна опрема, интеграција на целокупната компјутерска опрема, инсталација на други системски решенија што ќе овозможат безбедно, брзо и сигурно работење во компанијата и по желба дизајнирање на апликативни решенија кај определени купувачи;
Начела
За да се оствари оваа визија нашето работење е базирано врз неколку главни начела, и тоа:
- Партнерства со водечки светски ИТ компании како што се Dell, Symantec, Microsoft, Cisco, VMware, Veeam и други.
- Во нашата деловната филозофија клиентите се секогаш на прво место, и секогаш сме посветени на задоволување на барањата на истите, нудејќи квалитет и воспоставување светски стандарди на македонскиот пазар;
- Тимска работа во компанијата, создавање пријатна атмосфера и солидни услови за работа за секој поединец, притоа, се разбира, следејќи ги ISO стандардите (9001, 14001, 27001).;
- Постојана едукација на својот кадар следејќи ги новитетите на ИТ индустријата во светот.
Историја
Почетоците на МАКПЕТРОЛ АД на полето на информатиката се појавуваат уште од 70-тите години. Најпрво работи на воспоставување на свој сопствен информационен систем, а подоцна, кон крајот на 80-тите, МАКПЕТРОЛ се појавува како компанија што нуди софтверски решенија, и успева да реализира многубројни проекти во Македонија, како и да имплементира решенија во неколку компании ширум поранешна Југославија како ПТТ Пула, Кикинда и други.